Денес еден од најмоќните светски политичари некогаш живеел во Македонија – познато и во кој град
Светските водечки политички лидер кои на власт се со години се неколкумина, а еден од нив секако е и првиот човек на Турција.
Имено деновиве излезе интересен детаљ за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е тоа што одреден период живеел во Македонија.
Имено како што пренесува Еуроњуз Албанија, Ердоган живеел во Тетово.
Поранешниот конзул на Албанија во Истанбул, Ермал Калеци изјавил дека Ердоган живеел во Тетово неколку месеци во 1999 година.
– Тој по излегувањето од затвор се засолни кај албанско семејство во Тетово. Ова е откако во 1998 година тој беше осуден за поттикнување верска омраза затоа што рецитирал песна во која ги споредува џамиите со касарните и верниците со војската, тврди Калеци.
За овој настан Ердоган бил осуден на 10 месеци затвор, од кои одлежал само четири месеци.