Дракче искрено се отвори за периодот кога и соопштиле дека и остануваат два месеци живот: Боса пешачев во Ерусалим
Драгица Стевковска – Дракче е познат лик од ТВ екраните со нејзината авторска емисија “Патот на светлината”. Неуморен, ведар дух, секогаш со разбирање за проблемите на гледачите, на кои секогаш се обидува да им помогне.
Дракче е горда мајка на две ќерки и баба. Таа е тип на човек кој премногу ги сака луѓето, но според неа ништо не е посвето од децата. Меѓутоа, на само 29 години се соочува со дијагноза на ра к. За нејзината приказна зборуваше во Шоу Магазин:
– Не можев да сфатам. Поаѓав на работа, тогаш беше радиото во познатат Ристичева палата во центарот на градот и јас го поминувам Камениот мост како и секојпат насмеана поздравувајќи ги сите минувачи и ми се случи да се онесвестам на тогашниот плоштад.
Трагајќи во тоа време немаше мобилни телефони за да можат да те пронајдат, а јас па не одам на лекар, и така се случи, по трагање на мојата докторка да ме најдат на програма јавно да се јават дека јас под хитно треба да се јавам во Здарвствен дом, во етер.
Се соочив со дијагнозата којашто за мене беше чу до, не можев да поверувам, но повеќе не поверуваа домашните. Така започна гол готата се до клиниката во Словенија каде што сакаа да се испитам и таму велат два месеци живот.
Јас ставив црта дека и да треба да одам на оној свет треба да одам многу убава, дотерана, спремна, едноставно се подготвив. Мојата руса коса која беше до половина беше исе чена и ја подарив на мојата пок ојна кума Петранка да ми направат перика од мојата коса.
Пред се, мислев како ќе ги оставам децата мислев дека се мали. Верувам во Божјата волја, верувам во рацете на докторот кој веќе не е меѓу живите, мислев дека тој е тој којшто нема да дозволи јас да заминам.
Јас морав да живеам за моите деца и велев дека ако останам жива, ќе отидам на Божјиот гро б во Ерусалим, па макар и боса да се поклонам и да му кажам: Фала ти Боже, ме зачува за да ги исчувам моите деца. И тоа се случи, јас боса пешачев 30 километри.
За да дојдам од Маслиновата Гора по патеката на патеката на болк ата на Вила дела роса се до Божјиот Гро б. Сега се спремам во октомври да поминам пак по тој пат.