Драма на скопскиот аеродром: Покажал бугарска лична карта и пасош, па полицијата го уапси
October 12, 2023
Денеска (12.10.2023) во 01.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Ј.А.(43) од Република Турција.
При извршена пасошка контрола било констатирано дека бугарската лична карта и бугарската патна исправа, кои ги дал на увид, биле фалсификувани.
Со него бил извршен службен разговор во кој изјавил дека документите ги купил од едно лице од Истанбул за сума од 7000 евра.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.