Државата му ја одзеде куќата на Зоран поради долг за вода, но тој успеа да се избори со судот
Зоран Васкршиќ од Словенија преживеа вистинска драма откако му беше одземена куќата поради долг за вода од 124 евра.
Неговата куќа била продадена кога локалниот суд одлучил дека тоа ќе биде најдобар начин да се исплати долгот кон државата.
По оваа пресуда, тој се жалеше до Европскиот суд за човекови права во Стразбур во 2012 година, откако неговото семејство беше принудено да се исели поради долг од четири години. Судот пресуди во негова корист.
Европскиот суд за човекови права посочи дека словенечкиот суд ја прекршил Европската конвенција за човекови права со мешање во „мирното уживање“ на сопствениот имот.
Тој и наредил на државата Словенија на Зоран да му плати 85.000 евра отштета за продажбата на неговата куќа, пренесува 100posto.hr.
Еден од главните аргументи во пресудата се заснова на нерамнотежата на словенечките судови во однос на општиот интерес на заедницата и основните права на поединците.
Словенија, поранешна југословенска република која влезе во Европската унија во 2004 година, неколку пати беше казнувана од европските институции за судски нерегуларности.Словенечкото Министерство за правда немаше коментар за случајот на г-дин Васкршиќ.