Единствени во Македонија: Во ова место на Водици по крстот скокаат само младоженците
Ширум Македонија веќе течнат последните подготовки за прослава на христијански празник Богојавление Водици, кој го карактеризира скокањето по светито крст во водите.
Општините од Истокот се подготвуваат за големиот христијански празник Богојавление Водици. Локалните самоуправи во соработка со црквата организираат настани, а верниците се фрлаат во осветените води по светиот крст.
Злетово е единственото место во државата каде по светиот крст во Злетовска река традиционално скокаат само младоженци. Во Пробиштип може да се капат сите заинтересирани лица.
„Во Злетово во раните утрински часови во 7 часот во водите на Злетовска река ќе биде положен светиот крст, а по него исклучиво по стара традиција се капат младоженците.
По тоа сме уникатни и единствени во целата држава. Потоа во 11 часот во Пробиштип на Аква паркот сите кои се сакаат да се фрлат по крстот имаат можност за тоа.“ – вели Илиевски од Општина Пробиштип за Мнет.