Започнаа да пристигаат Непалци и Филипинци како работна сила во Охрид: Почетна плата 500 евра
Дел од увезените работници од Непал, Филипини и Малта кои оваа сезона ќе работат во хотелско -угостителскиот сектор пристигнаа на брегот на Охридското Езеро а поголемиот број од нив се очекуваат во нарените денови.
Иако почетната плата се движи од 500 евра па нагоре во зависност од работната позиција со обезбедена храна и сместување нема интерес за работа.
Трендот на заминување на локалниот персонал расте и тоа најчесто во Хрватска за повисоки плати па хотелиерите бараа варијанта како да најдат, келнери, собарки, шанкери и кувари.
И оваа година ќе бидат ангажирани млади од 15 -16 години кои сакаат да стекнат работна навика.
Нема хотелиер или угостител кој не е во потрага по работници од трети држави за да го надополнат недостигот на кадар и бараат државата да ја зголеми квотата и да се поедностават процедурите.
Целат сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител ТВ.