И покрај задевањата, Максим од Скопје не се откажал од неговата мисија – до најмладите има голема порака
Ретки се денешните деца кои вистински сочувствуваат со другите, кои знаат како да постапат во одреден момент и умеат да помогнат таму каде што е најпотребно.
Максим Каески, 9 годишно момче од Скопје ги воодушеви сите откако сподели дека ја пушта својата коса со цел да ја донира за деца бо лни од кан цер.
Причина за неговата постапка е некое видео што го гледал на Фејсбук на кое одредено дете било без коса, па се мотивирал да ја расне својата.
Својата мисија ја започнал уште во градинка околу 4, 5 години. Пред извесно време на својот профил на Јутјуб, објави видео во кое зборуваше за предизвиците со неговите врсници во училиште кои го задеваат и исмеваат поради долгата коса.
Максим е дете како и сите други кое сака нормално да ужива во своето детство и да си игра со своите другари без да го задеваат поради долгата коса.
-Кога одам да мијам раце на голем одмор ми кажуваат дека женското веце е на другата страна, а јас им кажувам дека сум машко. Треба да знаат дека секој си го бира својот изглед, дека не треба да се менуваш заради другите што кажуваат.
Откако го снимив првото видео, па и другите, од тогаш нема некакви закачања. Не идам во тоалет со некое машко, вели Максим.
Сител Телевизија го посети во неговиот дом со цел да раскаже како и што го мотивирало да почне таква хумана мисија.
– Јас му кажав на тато дека сакам да се шишам зашто ме задеваат, но тато ми кажа дека не треба да се менуваш поради другите. Кога би ја ишишал би сакал пак да го направам тоа. Не сум слушнал некој како мене, а кога би слушнал би бил многу среќен, додава Максим.
Пораката која ја упатува до сите кои го задеваат е дека не треба да му се исмеваат некому само заради изгледот а неговата мисија е да мотивира што е можно повеќе деца да ја пуштаат својата коса и даруваат.
Неговата желба е од кога ќе ја дарува косата и изработи периката да го запознае детето на кое истата ќе биде подарена. Целиот видео прилог може да го погледнете на Сител ТВ.