Има 12 деца и конечно вели дека и е доста: Имам 34 години од кои 98 месеци поминав во бременост
Мајка на дванаесет деца која ги поминала последните 17 години раѓајќи ги, вели дека не планира повторно да забремени, иако нејзиниот сопруг сака да продолжи да го шири семејството.
Бритни Черч има 34 години. Таа е од Арканзас, во американската држава Канзас. Првото дете го родила кога имала само 16 години, а потоа до 19 години добила уште три деца!
Следните четири бебиња ги родила во дваесеттите години, а кога наполнила 30 години добила тројки. Потоа на 32 години роди уште едно дете, вкупно 12, за кое вели дека ќе и биде последно.
– Мислам дека тоа е тоа – изјавила како гостинка на една телевизија, но и низ смеа додала дека нејзиниот сопруг Крис би бил среќен доколку добијат уште едно дете.
Двајцата заедно имаат шест деца, а таа има уште шест од две претходни врски кои сама ги одгледувала три години.
Најстариот син на Бритни завршил средно училиште и е многу поблизок во години со неа отколку со своите најмали сестри и браќа.
Таа често споделува детали од животот на нејзиното големо семејство на Тик Ток каде ја следат речиси два милиони луѓе. Таму пресметала дека бремена поминала 98 месеци од животот.
Луѓето најчесто се фасцинирани од нејзината животна приказна и постојано и поставуваат прашања за тоа како ги воспитува сите, како успева да ги поддржи, како изгледа нејзиното одење до продавница.
Бритни објасни дека нејзиниот сопруг изградил посебна голема трпезариска маса за да можат сите да седат заедно, а децата да ги делат собите. Во својата куќа имаат вкупно пет.
Кога одат некаде заедно, имаат голем караван со 15 седишта. Тие консумираат околу 7,5 литри млеко дневно и само за тоа трошат околу 200 долари месечно.
Зборувајќи за коментарите вели дека тие се главно позитивни, но има и такви кои ја критикуваат поради нејзината одлука да има толку деца.