Легендата од македонските народни приказни прослави 49-годишнина од брак – го собра своето семејство околу себе
Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, а откако се пензионираше, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.
Реномираниот актер ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи. Во брак е со сопругата Тања со која имаат две деца – Сашенка и Гоце.
За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. На Фејсбук страницата посветена на Ѓорги Колозов споделија фотографии од убав момент во фамилијата Тодоровски:
Нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски деновиве одбележа 49 години брак со својата сопруга. По тој повод семејството Тодоровски се собра во својот дом и го прослави тој голем ден крунисан со цели 49 години заеднички живот помеѓу Гоце и неговата животна сопатничка .
Како плод на љубовта со неговата сопруга изродија две деца, на следниве фотографии ги гледате, ќерката Сашенка Тодоровска и синот Гоце крстен по својот татко Гоце Тодоровски.