Македонија повторно гори на Илинден: Полетуваат авионите и хеликоптерите да помагаат
Пред две години на денешен ден се уште се свежи спомените од големиот пожар во Кочани, но како да не извлековме поука.
Имено попладнево во Македонија повторно пламнаа шумски пожари, а ситуацијата е повеќе од сериозна.
Два големи пожари во моментов се активни во Велешко и во Скопско. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), едниот пожар е над село Отовица во Велешко, а другиот е во Скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.
Како што најавуваат од ЦУК, наскоро во гаснењето ќе се вклучат авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Инаку, на 26-ти август 2019 година се случи еколошка катастрофа за велешани кога голем пожар уништи 200 хектари квалитетна борова шума во близина на езерото „Младост“.