Македонците не ја сакаат Гавазова во Австралија – огорчени се и повикаа на бојкот
Како што е познато популарната битолска фолк група ,,Молика” ја најави својата австралиска турнеја која ќе започне на 12-ти април. Објавени се детали за концертите во Сиднеј, а со групата ќе настапува Сузана Гавазова, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски.
Но Македонците во Австралија жестоко негодуваат и на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на Гавазова.
Од профилот „Macedonian Coalition“ на фејсбук напишаа:
– БОЈКОТ!Сузана Гавазова, откако пееше на настанот на СДСМ за прослава на промената на името кон крајот на минатата година, беше одбиена и и беше забранета од Македонците во Австралија да патува назад таму.
Групата наречена „Бато ентертејмент“ (Bato entertainment), меѓутоа, за парична добивка, одлучија без да го земат предвид бесот и реакциите на Македонците во Австралија да ја поканат Сузана Гавазова на турнеја во Австралија.Секој Македонец треба да го бојкотира овој настан доколку пее Сузана Гавазова