Маријана од Австралија: Природно се распаѓам, кога ме виде докторот ќе завршев на Ургентно
Маријана Новачевска, сестрата близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска долги години живее во Мелбурн, Австралија.
Заедно со нејзината естрата Росана, Маријана Новачевска е позната по многу убави песни, а секако најпозната и најпеена и денес е „Признавам“, песна која ја знае и младо и старо.
Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателкја, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.
Иако одамна професионално се откажа од музиката и работи како стоматолог, за своја душа знае да запее во кругот на семејството.
Маријана во една прилика изјави дека сега, откако се повлекла од естрадниот свет, не сака да дава интервјуа и изјави, освен ако се поврзани со нејзината сестра, Росана.
Сега често е активна на Фејсбук каде споделува моменти од секојдневниот живот, но и по некој интересен статус како неодамна објавениот:
Ме прашуваат што пијам за болките во коските, за паѓањето на косата, пукање на ноктите и кожата…
Им велам ништо, природно се распаѓам. И така природно, без шминка и фризура си тркнав на Доктор, а кога ме виде ќе завршев на Ургентно одделение