Мајка Весна: Син ми Александар (23 год.) бара другарка од Македонија за допишување
July 29, 2023
На социјалната мрежа Фејсбук една мајка, Весна Танчева, сподели статус во кој вели:
Син ми Александар (23 год.) бара другарка од Македонија за дописување и дружење преку Интернет. Последните 9 години живееме во Чикаго, САД, но често ја посетуваме Македонија.
Александар е тивко, вредно и високо-комуникативно младо момче кое има потреба од поттик и помош при социјалната интеракција и комуникација поради дијагностициран аутизам.
Доколку има и други родители кои сакаат да му помогнат на своето дете како нас, или познавате такви во својата непосредна околина, нека ме контактираат.
Најдобро би било девојката да е приближно негова возраст, да знае и сака да комуницира на македонски и со приближно ист здравствен проблем Аутизам.