Мајстор отишол да ја поправи греалката, а кога видел семејството во каква состојаба е, останал и без дневница и без своите пари кои ги носел
Најмалку што очекуваме од непознати луѓе е разбирање и убави гестови кои не допираат и не потсетуваат дека не живееме во толку непријателско и студено опкружување.
Еден мајстор од Земун, Србија кој на Твитер се вика „Стрика“, на својот профил сподели несекојдневна приказна која никого не остави рамнодушен.
Имено, кога отишол во еден дом да поправи греалка сфатил дека се работи за сиромашно семејство. Меѓутоа, кога разговарал со детето кое останало со него во куќата, решил да направи нешто за што денеска цела Србија му аплаудира.
„Во една куќа ја поправав греалката, жената отиде да ги однесе децата кај соседите бидејќи им беше ладно, а едно мало девојче лежи на каучот покриено. – Чичко, гладна сум..
Што ќе правам, гледам леб има од вчера, мајката не стигна да купи.. вадам пари (немам ситно). Малечката брзо се облече и дадов 1.000 динари да си купи нешто за јадење и пури за мене.
– Чичко, нема кусур, вели тетката, а пурите се шт етни. Гледам во торбата: купила три леба, три салами, солени грицки и за братот и сестрата.
Мајсторот и рекол на мајката дека треба да си купи греачи кои чинат околу 2500 динари, но таа нема да плати па сакала да ја остави греалката за другпат.
„Се јавив на некои колеги, никој нема греачи за таа греалка. Заминувам тажен. Сакав да запалам пура надвор, ми остана една и ми текна на отпадот, одам таму и наоѓам греалка и извадив греачи.
Се враќам назад, монтирам и поврзувам се, вклучувам и работи. Нивната радост и среќа не можат да се опишат. Баба ми ми рече: Не биди гладен, јади нешто. А што да јадам, немам ни денар а ми се светна и сијаличката за бензини.
Одам на уште еден повик за работа.. Животот е убав, само треба да знаеш да живееш со него“, напиша мајсторот на Твитер. Неговата приказна инспирираше многумина, па мајсторот доби со чувство и пофалби од сите што ја читаа неговата приказна.