🎥Младиот Лазар од кочанско одбил да замине за Италија или Германија и се одлучил за сточарство и земјоделство

На 28 години ја работи работата од која сите бегаат. Му се чудат сите, но тој цврсто оди напред. Има само 28 години и ја работи работата од која сите бегаат како од оган.

Ангажирање од утро до утро, во последните три недели вели дека спие по два часа, но својата љубов, земјоделието, не го менува за ништо, вели за ТВ Стар Лазар Ефтимов, од селото Тркање, кочанско.

-Работам земјоделие од кога знам за себе и немам намера да се откажам. Се одлучив за ова, во моментов одгледувам 200 овци, 15 декари ориз, 2 хектари луцерка и 15 декари пченка, вели Лазар и додава:

-Цело време јас сам работам, но имам по некој за дневница, но на никој не и се допаѓа оваа работа за стално и бегаат. Мајка ми ми помага.

-Од млекото што го произведувам правам сирење веќе две години, не продавам ниту литро сирово млеко.

-За тешко е многу тешко, но се издржува, само ќе видиме до кога. Јас можев да одам во Италија и Германија, но се одлучив овде да останам. Но не се знае иднината што носи. Мора помош да се даде од државата, некои мерки, механизација.