На 65 години отишла на затегнување на кожата, а се разбудила со зголемени гради и задник – сега и бараат 75.000 евра
Таа била принудена да потпише последователна согласност за таква операција, додека таа и нејзината ќерка го живееле ужасот на полицијата, лекарите и агресивното обезбедување.Кимберли Мекормик е 65-годишна жена чија приказна го обиколи светот. Откако ослабела дури 68 килограми, таа конечно успеала да направи операција за отстранување и затегнување на вишокот кожа.
Меѓутоа, таа не можела ниту да сонува за трансформацијата со која ќе се разбуди по операцијата.Операцијата во Америка би чинела повеќе од 50.000 долари, додека цената на истата операција во Тихуана, Мексико била многу пониска и изнесувала околу 13.000 долари.
Во истата болница пред шест години направила операција на желудникот, која поминала совршено, како што вели во интервју за „Њузнајшн“.Така, водена од доброто искуство и попристапните цени, решила таму да закаже операција, која ќе и помогне со вишокот кожа.
– Со ќерка ми пристигнавме во болница и почнаа подготовките за операцијата. Ми означија со маркер каде ќе ми ја затегнат кожата на нозете, рацете, градите и стомакот. Значи сè беше подготвено. Влегов во операциона сала околу 16:00 часот, но излегов дури половина по полноќ.
Нешто не беше во ред, рече Кимберли.
Според неа, таа се сеќава дека се разбудила и знаела дека нешто не е во ред. Се испостави дека едното белодробно крило и откажало за време на операцијата.
Кога завршила процедурата, лекарите и забраниле на ќерката да ја посети.Кога станала свесна каде се наоѓа, Кимберли почнала да вреска по својата ќерка додека ги забележала нејзините огромни гради, а потоа забележала дека и го подигнале задникот.
– Да живеев 500 години, никогаш не би сакала да направам нешто такво – вели таа. После неколкудневни обиди, ќерката конечно успеала да стигне до собата на мајка си, а кога ја видела се преплашила. Носот и беше сив, а усните сини. Тие прашале колку ќе чини да се „поправи“ оваа операција, а и рекле дека таа цифра ќе биде најмалку околу 75.000 долари. Несреќна и скршена, Кимберли извесно време се откажа.
Меѓутоа, набрзо морала да оди во болница во Сан Диего, поради инфекција која ја добила од лежење во нехигиенска просторија.