Никола Груевски се огласи за Гоце Делчев – со ептен одбрани зборови
Некогашниот македонски премиер Никола Груевски, иако во Унгарија, сепак се труди да остане актуелен, а тоа му оди од рака пред се поради објавите на својот фејсбук профил каде што повторно имаше што да каже:
Во пресрет на годишнината од роденденот на Гоце Делчев неколку извадоци од “Беседа за Гоце”. Беседата одржана од Ѓорче Петров на 4 мај 1919 година, во Софија, по повод 16 годишнината од неговата см рт, била организирана од македонските студенти во Бугарија.
“Делчев ако разбереше за некоја потреба на делото од кругот на неговата сфера или ако почувствуваше дека тој лично треба нешто да направи тогаш го гледаше само крајот и без оглед на околностите, како и на препреките тој се спротивставуваше директно и решително. Тој негов квалитет беше еден од најценетите кај него.
Кај што ќе стапнеше, работите во Организацијата добиваа во брзина, која работа ќе ја почнеше одеше брзо кон нејзиниот крај, а по пат уште и го подигаше расположението. Неговите зборови беа ослободени од секави скрупули, кога некого канеше да работи, создаваше пламен кај слушателите.
Во неговите дела и слава по тој пат се чувствуваше дух на бестрашност, себеоткажување, дух кој ги заразуваше гледачите и слушателите и соучесниците и на тој начин проникнуваше во нив.
Со тие свои квалитети тој внесуваше нов живот во краевите кои ги посетуваше, создаваше темперамент и расположение дури и кај луѓето со кој влегуваше во судир.
Гоце имаше нескршлива верба во своите сили и ја бараше истата сила и кај своите другари да го распореди на повеќе плеќи револуционерното дело, а за народот да остане што помала тежина и народот што помалку да биде ангажиран.
Народот му требаше за моментите на општото востание. Во својата љубов кон луѓето Гоце беше вистински човек, а во својата самодоверба вистински – борец…”
“…Ретко имаше луѓе кои можеа да се спротивстават на хипнозата на неговите зборови и постапки. Јас самиот на себе ја почувствував многу пати хипнозата на неговите постапки…”
“…Гоце и самиот јунак, имаше голема слабост кон индивидуалните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето кадри од таквите поединци, неговата заслуга за Организацијата беше огромна.
Во тој однос тој беше незаменлив. Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваа духот и внатрешната сила на самиот автор. Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромо влијание.
Гоце беше голем почитувач на личното јунаштво, зошто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример.Тој не запираше пред вистинската см рт, која би можела да се избегне.
Никој, никаде и никогаш не забележал кај него белези на или збрканост во случај на средба со потери или кога му јавуваа дека претстои некоја опасност.
Своето презирање на см ртта кај него беше природно и неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чувство што беше неразделно од неговата природа. Делчев секогаш ја ставаше на чело единката која имаше колективна целина.
Една од неговите основни задачи во неговите агитации беше да создаде такви типови кои ќе го подигнат духот на луѓето за поединечна работа и борба, за лична иницијатива.
Тој работеше и создаваше индивидуални сили, кои се вткајуваа во организацискиот морал и во создавањето кадри од таквите сили, кои ќе бидат моќен придвижувач на делото.
Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и симбол на тер ористичката дејност во Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност, додека со револ верот и пушк ата можеа да се служат и послаби луѓе. Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пу шката подоцна…”