Околу 100.000 Македонци во Германија во неизвесност
Проблемот со добивањето на нови македонски пасоши ги надминува и границите на државата. Македонските граѓани кои живеат и работат во Германија се соочуваат со неможност навреме да извадат нов пасош во македонските дипломатски претставништва.
Претседателот на централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски за Глас на Америка вели дека за нов пасош се чека и по 9 месеци.
„Тоа се 9 месеци затвор и губење на работа. 45.000 Македонци до минатата седмица имаат закажано термини за нови пасоши во амбасадите и конзуларните претставништва, но наша проценка е дека вкупно се 100.000 кој севкупно морат да ги сменат пасошите.
А да не зборуваме за слободата да се оди на одмор од Германија во некоја друга држава освен Македонија, то е актуелно невозможно“, рече Роберт Кленкоски, претседател на централен совет на Македонците во Германија.
Целата сторија може да ја проследите на Глас на Америка на македонски јазик.