Омилената авиокомпанија со која Македонците одеа на одмор во Анталија доби забрана од ЕУ
Турската авиокомпанија Southwind Airlines од страна на Европската унија воведе забрана за летови откако тоа првично го направи Финска.
Одлуката следува по сомнежите дека компанијата е контролирана од руски ентитети. Одлуката се заснова на сомнежите за сопственичката структура и оперативната контрола на авиокомпанијата.
Јарко Сааримаки, шеф на финската транспортна агенција, изјави дека значителен дел од сопственоста и контролата им припаѓа на руските играчи. Southwind Airlines, основана во 2022 година, е специјализирана за летови до и од Русија.
Забраната на ЕУ, која веднаш стапува во сила, е во согласност со Регулативата бр. 833/2014, која се однесува на санкциите поврзани со дејствијата на Русија против Украина. Пред забраната, Southwind имаше летови до неколку европски дестинации, меѓу кои и Македонија.
Од аеродромот во Скопје најчесто за време на летната туристичка сезона, неколку пати неделно Southwind Airlines реализираше чартер летови од и до Анталија.
Според информации на ТВ21, компанијата од месец мај требало повторно да започне со чартер летови од Скопје.