Откриено зошто почнала големата пресметката на Македонците во Швајцарија – причината и тоа како несекојдневна

Како што е добро познато голем број Македонци живеат и работат во Швајцарија и тамошната наша дијаспора е една од најголемите и најорганизирани.

Често голем број наши музичари имаат настапи по локали во Швајцарија на кои што се присутни нашинци и се забавуваат.

Но овојпат Македонците во Швајцарија се најдоа во медиимите и првично на социјалните мрежи по не така убава причина.

Имено на социјалните мрежи се појави видео од Македонска вечер во Швајцарија која што се одржа викендот.

Наместо дружба, забава и веселба за жал настанал вистински физичка пресметка поради што морала да интервенира и швајцарската полиција.

Настанот се случи во саботата, на 11-март, а снимките станаа вирални ден подоцна.

Еден од музичарите кои што имаа настап беше и Кристијан Јованов, кој и стана познат на јавноста по учеството во шоуто „Операција Триумф”, а веќе две години со свој бенд настапува во Швајцарија.

„Ниту ние точно не знаеме зошто започна се. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во тањир. Тоа е се што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек“ – вели Јованов во интервјуто за Фокус.мк