Очевидец проговори за страшната несреќа утрово кај Росоман: Силно пукна, потоа се реда возила на Брзата помош
Како што веќе е понато, за жал две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации од доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.
– Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков.
Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.
Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.
Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.
Очевидец на сообраќајната несреќа пред камерите на ТВ 24 видно потресена кажа што виделе и слушнала.
„Слушнавме како нешто силно пукна, навистина силно. Се случи некаде помеѓу 6 и 6:30 часот наутро. Потоа се редеа само возила на Брзата помош, дојдоа три или четири.“ вели жена во изјава за ТВ 24