Перо Антиќ откри зошто раскинал со Катарина Ивановска, а проговри и за новата девојка
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ беше гостин во Жешко Столче каде зборуваше за својата кариера, но и за љубовниот живот кој многу ја интересира јавноста.
– Сите сме ние спортисти, во Федерацијата сме се поранешни кошаркари, заедно работиме знаеме што нифалело, условите ги ствараме но на терен ние исто губиме како цела држава и федерација, ако немаме резултати.
Проблем се парите секаде, посебно инфраструктура во салите, но сопомош на Наумче Мојсоски пробуваме да ги санираме колку што можеме.
Се разбира, уште живеам со парите заработени од кариерата како играч, од Федерација не може да се живее со парите. Како и да е благодарен сум и на таа плата што ја примам има многу што кубурат во оваа земја треба да сме среќни и со тоа што го примаме
На почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, па за тоа нешто проговори малку повеќе:
– Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска.
Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, вели Антиќ и потврдува дека е повторно заљубен и во врска, но не откри со кого.