Пејачката Мартија откри со што ја освоил македонскиот репрезенатиевец Дарко Чурлинов со кого се во врска
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов по паузата од три месеци поради по вреда викендов конечно се врати на фудбалските терени.
Чурлинов ги одигра последните минути, влегувајќи во игра во 89. минута од средбата, на мечот од 22. коло во Чемпионшиплигата на Англија на кој неговиот Барнли славеше со 0-3 на гостувањето против КПР.
Во меѓувреме додека се рехабилитриаше му се случи убава работа на приватен план, а тоа е врската со позната наша пејачка:
Имено на социјалните мрежи, поточно на Инстаграм неодамна се појави една романтична фотографија на која страствено се бакнува со познатата наша млада пејчака Мартија Станојковиќ.
За првпат јавно на оваа тема реши да проговори самата Мартија која пред камерите на „Бекстејџ“ потврди она за што се зборуваше:
„Да, заљубена сум. Искрено не очекував фотографијата да излезе така бидејќи беше објавена од моја најдобра другарка и наша заедничка другарка. Но веќе кога е објавена во јавноста на некој профил, во ред нека објават и медиумите, јас немам проблем.
„Многу работи има во целата ситуација, но мене генерално кај луѓето првин ме привлекува човечност, добрата душа, искреноста, па така и во врска со него.