Познатиот македонски музичар се присети на клучниот момент во неговиот живот: Беше прашање на живот
Доколку го спомнеме неговото име и презиме, Драган Величковски, можеби многумина од вас нема да се сетат за кој познат македонски музичар станува збор.
Величковски е попознат под името Тајзи и важи за еден од најдобрите рап изведувачи во нашата држава, а неговите текстови се вистинско ремек дело.
Кумановски рапер Тајзи беше дел од дуото Скипи и Тајзи (Skipi & Tyzee). Роден е во Куманово, а својата кариера ја започнува како дел од аматерска рап група 120ка.
Иако сега е познат како рап-изведувач, Тајзи уште од мал имал друг сон, но една работа сменила се. Тајзи објасни што му се случило јутјуб интервју.
„Сонував да станам кошаркар. Играв кошарка, професионално се бавев, играв прво за Куманово па за Работнички, па за МЗТ.
Но, на 17 18 години ми се деси една опер ација, ми пу кна наводно чир на желудник и тоа беше прашање на живот ил исмрт.
После таа оп ерација една чудна работа се деси, еден подарок од Господ јас никогаш веќе не заигрувам кошарка почнав да се занимавам со музика.
После таа оп ерација ко да добив втора шанса. Се осеќам како да имам мисија своја како преку музиката треба да изразам нешто што наародот би го кажал но нема каде.
Сакам да се изразам во име на народот преку мојата музика“, објаснува Тајзи во интервјуто кај јутјуберот Бомбакис.