Познатиот македонски тренер итно префарлен во болница среде меч – познато во каква состојба е
ГРК Охрид оствари убедлива победа над Бутел во 7 коло од плеј-офот во Супер лигата. Синоќа во салата Билјанини извори, Охрид славеше над Бутел со резултат од 28:19.
На полувреме резултатот беше 14:8, а вториот дел од мечот доцнеше поради не така пријатна вест.
Имено за време на паузата во соблекувалната на домаќините му се слошило на домашниот тренер Горан Андоновски.
По што истиот не излезе да го води тимот во вториот дел, туку беше итно пренесен во болница.
Доцна синоќа, нешто пред полноќ се огласија од клубот преку социјалните мрежи и информираа за неговата здравствена состојба.
На шефот на стручниот штаб на ГРК Охрид, Горан Андоновски, вечерва му беше извршен лекарски преглед во болница, откако на полувреме од мечот со Бутел, што се одигра во салата Билјанини извори, се пожали на здравствени проблеми, поради што мораше пред време да го напушти натпреварот.
Андоновски по лекарската интервенција е во стабилна здравствена состојба и се очекува следната седмица да се врати на работните обврски.
ГРК Охрид на тренерот Андоновски му посакува брзо закрепнување и добро здравје.