Се огласи Дејан од Штип, синот кој на мајка си и ја исклучи струјата
Струјата на мајка ми ќе и ја вклучам откако ќе си ги плати сметките до последна, се огласи денес синот на Ружа Пешова, Дејан.
Инаку Дејан пред скоро четири месеци и ја исклучи струјата: Таа не сака да ја плати струјата, тука јас ја плаќам истата.
И таа и татко ми воопшто денар не дадоа, јас плаќав се, намерно и никогаш не ја гасеа струјата, додава Дејан за телевизија ,,Стар”
– Ниту ден ниту ноќ струјата не се гасеше, јас бев приморан да ја исклучам, зошто не рече ,,дај јас да ја платам струјата”
– Тоа никогаш не го рекла а постојано вели дека јас струја не и давам, те ова те она, таа ми даваше само 500 денари месечно.
– Па 500 денари пари ли се, на месечно ниво, а сметките се огромни, сумите беа многу големи, достигнуваше до 500 евра сметката, каде го има тоа.
– За да нема недоразбирање и повеќе вакви работи синот Дејан предлага мајка му да си обезбеди посебно броило и да си плаќа сама.
– Нека отиде во ЕВН нека си приклуче ново броило, ниту да ми дава пари, ниту јас да барам од неа пари, додава Дејан Пешов.
Инаку ова изјава дојава како одговор на вчерашната во која мајката Ружа јавно кажа дека синот и ја исклучил струјата.
Тој пред камерите на телевизија ,,Стар” ја покажа и сметката со која ги увери сите дека е навистина голема, а без струја е и татко му кој живее во истиот објект а се разведени со мајка му.