Сезонава Господ нека и е на помош на земјоделците: Нема да има засејува облаците – познато и зошто
Македонија оваа сезона нема да ги засејува облаците поради тоа што нема реагенси за оваа авионска интервенција, така што земјоделските посеви ќе останат незаштитени.
Пд УХМР велат дека се дефицитарни поради војната во Украина. Мерката се спроведуваше од 2020 година.
На јавната набавка за растворот против град не се јавил никој од операторите. Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање на мерката.
-Ги известувам земјоделците и пошироката јавност во Република Северна Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејување на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи, гласи објаснувањето на Управата.
Од УХМР најавуваат нов тендер за заштита од град кога ќе се стабилизира пазарот .