Селекторот Милевски со загрижувачки вести: Нашиот репрезентативец заврши во болница во Белград поради сепса
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Украина (16. јуни, 20:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“) и Англија (19. јуни, 20:45 часот, Олд Трафорд, Манчестер).
Официјалниот собир на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Украина и Англија од квалификациската група за ЕП 2024 е закажан за 10. јуни во х. Хилтон во Скопје.
Селекторот Милевски денеска ја објасни ситуацијата со фудбалерот на Барнли. За него кажа дека се наоѓа во болница во Белград, на лекување е откако добил труење на крвта (сепса).
„Дарко Чурлинов е во болница во Белград. Засега нема јасен одговор околу неговата ситуација ниту од докторите. Имаше внатрешно труење, не се знае дали е последица од проблеми со заб или анесетезија. Познато е дека тоа резултирало со труење на крвта, односно сепса.
Се надевам дека најлошото е зад Дарко. Познавајќи го него каков борец е, верувам дека ќе биде во најдобар ред“ – изјави Милевски.