Семејство од Штип се разбуди во шок: Редовно плаќаме сметки за струја, а ЕВН не исклучи
На шест члено семејство од Штип утринава ЕВН им ја исклучила струјата, а сметките биле платени. Шокот тие го доживеале рано утринава одкако децата станале за да одат на училиште.
Револтирани тие побарале објаснување од ЕВН од каде им рекле дека сепак тие според нивната евиденција имаат неплатено една сметка од минатата година.
Семејството Мемедови нема намера два пати да плаќа иста сметка поради што за ЕВН подготвува експресна тужба.
-Се јавувам на ЕВН, а тие ми велат дека сме должни. Но како должни кога секој месец си плаќам, еве имаме документи дека е платена. За ова ќе ги тужеме ЕВН, тоа не се луѓе, вели Максут Мемедов за ТВ Стар.
Од ЕВН остануваат на ставот дека сметката за јули од минатата година не е платена и доколку се подмири струјата веднаш ќе биде вклучена.