Спасен Силјаноски откако полицијата го фати пијан: Се каам, сакам јавно да се извинам на сите мои сопартијци
По изминатите настани, пејачот Спасен Силјаноски се огласи на својот Фејсбук профил каде во исцрпен статус напиша:
“Гилотина или Круна”. Гледам изминативе два дена на провладините порталчиња повторно на удар моето име. Но веќе не ми е чудно бидеќи 7 години како што знаете и читате Спасен Сиљаноски е секогаш на мета на владиниот пиар и квази порталчињата финансирани од антидржавната власт.Причината за тоа е повеќе од јасна и верувам дека сите ја знаете….
Неисе, да не должам многу ќе пробам да не пишувам “чаршафи” како што би рекол Миленко, и ке бидам краток во моето писание, и се само поради една причина, а тоа е да посочам што е лага, а што вистина. Во сета таа драма испишана во најголем дел со лаги по наредба на претходно споменатите, постои само една вистина која поради достоинство, етичка и морална одговорност ја признавам, а тоа дека навистина бев сопрен под дејство на алкохол.
Во ниту еден момент не се гордеам со тоа мое несовесно однесување нити го негирам како што не го негирав во тој момент кога бев сопрен. Совесно и одговорно тврдам дека ќе си ги сносам правните последици и санкции кои подлежат под законот за управување на возило под дејство на алкохол.
За жал провладините портали како и секогаш се служат со црна кампања па така и овој пат не ја земаат во предвид мојата изјава, туку ја земаат само изјавата на двајцата полициски службеници кои се членови на сдс и примени на работа од истата таа партија (кои не случајно претходно ме следеа 2 саати за да на крај после пријава од сопственик на ресторан во кој што бев гостин, кој истиот е член и поддржувач на сдсш, возат по мене и ме сопираат). Но за тоа друг пат…
Како и да е бев сопрен, според протокол дував на дрегер и се утврди фактичката состојба дека сум под дејство на алкохол, И како што кажав во ниту еден момент не го негирав тоа ниту го негирам, напротив сам се обвинувам и се каам поради тоа мое несовесно однесување….Одиме даље…
Лага број еден: Во ниту еден момент не сум пружал отпор како што наведуваат порталите, бидеќи ако пружав отпор ситуацијата ќе изгледаше поинаку, а секако немаше доброволно да прифатам да дувам на дргер. ( и во самиот извештај на службените лица стои дека немало физички контакт)
Бр2 Во ниту еден момент не сум ги омаловажувал. Бр3. Во ниту еден момент не сум ги навредувал ( таков речник не постои во мојот вокабулар) Бр4.Во ниту еден момент не сум се заканувал, бидеќи јас немам никаква административна моќ нити имам амбиции за функција па да би имал со што да се заканувам.
Бр4 Во ниту еден момент не сум звонел кај министерот, бидеќи јас и министерот не се познаваме лично, а далеку од тоа дека имам негов тел. број.Сето ова е дел од нивната црна кампања предводена од партијата која 7 години вршеше етноцид врз сопствениот народ…
Интересно е што тој мој случај баш во овој момент го поврзуваат со идната власт односно ВМРО ДПМНЕ и кампањата “Македонија повторно твоја” во сите тие провладини интернет медиуми, И како под индиго(односно по нечија наредба) во насловот на сите тие квази медиуми стои: Член на Вмро Дпмне сопрен под дејство на алкохол…
Но сума сумару, кога ке собериме 2+2 веднаш ке сватиме дека во недостиг на негативни аргументи против опозициската кампања како и против кандидатите на пратеничките листи, нема што да напишете па се фаќате како давеник за сламка колку да ја исполните квотата за која сте платени, па на вас ви останува да се занимавате со минорни работи дека некојси пејач бил сопрен под дејство на алкохол.
Со тоа и ке останете да знаете. Со тоа ќе останете затоа што во ВМРО ДПМНЕ постои квалитет, постои чесно раководство, програма, пожртвуваност за својот народ и желба дека истиот ке го извадат од буништето на срамот каде што вие го фрливте изминативе години.
Покрај другото Пишувате дека во “наводната закана” кон службените лица сум го спомнувал 8 мај. Нее точно… Мене и на сите вас ни е јасно дека вашиот кошмар е 8 мај, Бидеќи на тој датум ке ја добиете најголемата казна од народот, за сето тоа што му го направивте изминативе години. Народот не ги заборава Тиранската платформа, преапански договор, бугарски договор, модуларна болница, ласкарци, Уставобранителите, пајаците кои ви тепаа полицајци и тн и тн…имам уште многу но ке привршам.
За крај уште еднаш ја признавам мојата вина, а тоа е возење по дејство на алкохол и повторувам дека поради тоа се страмам сам од себеси и од моите несовесни постапки.( иако верувам дека скоро сите во животот сме седнале барем еднаш позади волан во алк. состојба. Но нее тоа оправдување).
Поради тоа мое непримено однесување сакам јавно да се извинам на сите мои сопартијци, На раководството и луѓето кои ми ја дадоа довербата да бидам дел од оваа кампања и сите мои колеги кои се дел од кампањата “македонија повторно твоја” и во никој случај нема да си дозволам тоа да се искористи за зацрнување на имиџот на нашата партија и нашата иделогија, како и да се остави и најмала црна дамка поради мене.
Затоа поради морални и етички причини ве информирам дека нема повеќе да сум дел од оваа кампања. Но со мислите и срцето секогаш ке сум со вас и сигурен сум дека за скоро заедно ќе славиме и повторно заедно ке запееме за победа на Македонија. Ве сакам. p.s. Големината е секогаш да останеш достоен.