Спасен Силјаноски откри колку пари заработува за една вечер
Фолк – пејачот Спасен Силјаноски е еден од најпознатите пејачи во Македонија и меѓу македонската дијаспора. Има повеќе хитови кои неговите фанови во еден глас ги пеат. Спасен беше дел од емисијата Ти реков ми рече на Метрополис и
– Не е срам да си роден и да си живеел на село, тоа е гордост за мене. Твојот личен авторитет го градиш врз основа на твојата работа и успех. Може да имаш и во Франција, во Париз куќа па не можеш да бидеш Парижанец. Јас секаде по светот кога ќе ме прашаат од каде си викам од село Пополжани.
И одма коментарите од типот ее сељак, јас не сум сељак јас сум селанец. Селанец е географска одредница – човек што живее на село, сељак е духовна состојба на човекот. Ти може да живееш во Скопје, да си стар граѓанин, ако си интелектуално непоткопан, глупав, злобен.., вели Спасен.
Неговата песна „Ќе ти дојдам“ во изминатиот период стана хит на социјалните мрежи како кај нас така и во странство и почна да се изведува на настапи во клубови и на свадби. Спасен нагласи дека ова пробивање на песната му донело зголемена заработка: За 50 посто сигурно.
Цената на настапот варира, зависи од многу фактори – дали е празник дали е некој ударен термин, зависи во кој град. Во Охрид со бенд комплет да речеме петок 2.000 евра, сам 1.000.
Спасен е татко на… а во емисијата јавно зборувапе и за дијагнозата на неговата ќерка Мила хидронефроза на бубрег.
– Животот мој е се некако испреплетен со некакви случки. Оваа приказна не сум ја раскажал. Уште кога беше во стомак Мила, со тие ехо скенери се појавуваше нешто и мислевме дека е нешто цистичка но ќе се роди ќе се отстрани.
Мила се раѓа и треба веднаш да правиме ехо на бубрезите да видиме во што е проблемот. Ми се јавува сопругата не било циста имало некоја болест хидронефроза, и си велам којзнае колку е лошо. Докторот рече не е толку опасно, а јас му викам што треба да направам ако треба ќе симнам и од месечина камен само да спијам мирно.
Неколку години го лекувавме тој проблем, од Турција носев сирупи тука ги немаше. Го барав најдобриот лекар, доаѓа некој во Систина доктор и одиме со сопругата и девојчето. Ги гледа документите и вика во 12 саат операција. Не ни го гледа детето и вика операција – перална на пари. Тој доаѓа тука на два месеци и што ќе фати ќе фати, пример 5 операции по саат време и ќе земе 50.000 евра, 10 – 15.000 евра беше операцијата за едно дете.
Еден доктор од државна многу ми помогна. Фала му на Бога ја направи операцијата. Немав пари тогаш и затоа ја продадов песната Мајка. Немав пари воопшто, со 200 денари во џеб, тогаш почнував со кариерата. Кога ја пеам таа песна плачам, не поради нешто друго, затоа што ме потсетува на овој момент.