Спасовски откри дополнителни детели: Таткото на Вања е вклучен во киднапирањето – кажа што направил
Како што беше доцна синоќе најавено, прес-конференција одржаа првиот човек на МВР, Оливер Спасовски и ОЈО, Гаврил Бубевски.
-МВР го расчисти случајот. Сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите за оваа голема загуба. Осомничени се пет лица, за три мерка притвор, едно е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен и е извршен распид и понатаму ќе се преземаат мерки.
Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и знаење на член од семејството го извршило кривичнот дело за да се изнудат пари од мајката на малолтничката по што сите инволвирани би имале корист.
За машкото лице од Велес нема никаква врска со Вања, неговото возило е одземено и користено за кривично дело. Токму со тоа возило е земена малолетничката. Таткот споделил информации за денот и времето на излегувањето на Вања само од дома, кажа Оливер Спасовски.