Спот со жешки сцени со македонската пејачка го раздрма бракот на српскиот фолкер – Кристина мораше да се огласи
Српскиот фолкер Љуба Перучицa сними жешки сцени со атрактивната македонска пејачка Кристина Димитри, а дел од фотографиите од снимањето на спотот за песната „Посилна“ веќе се појавија на социјалните мрежи и шокираа многумина.
Особено што на тие фотографии и видеа тие двајца изгледаат како заљубен пар, а познато е дека Перучиќ е оженет, а неговата сопруга е поранешната водителка Катарина Колозеус.
Екипата на Еспресо.рс ја контактираше Кристина бидејќи сакаше да провери што мисли таа, дали Катарина ќе биде љубоморна кога ќе види што снимале Љуба и таа.
– Беше прекрасно на снимањето. Имаше позитивна енергија од тимот што го направи видеото, а Љуба е многу смешен и позитивен лудак хехе – изјави Кристина за Еспресо, а потоа се осврна и на можниот развод на Љуба и сопругата поради оваа снимка.
– Ми беше чест да соработувам со Љубо, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. А неговата сопруга, која е убава и харизматична, знае што значи шоубиз. Па нема да има развод хехе – убедена е атрактивната македонска пејачка.