Среќен крај на целодневната драма во кочанско: Доцна вечерва пронајдена жива баба Мица
СВР Штип во текот на денот излезе со соопштение до јавноста за исчезнато лице, а во истото се велеш:
На 26.06.2023 во 08.00 часот во Полициската станица Кочани, Љ.А.(54) од с. Грдовци, кочанско, пријавил дека на 25.06.2023 околу 05.00 часот од неговиот дом се оддалечила неговата мајка И.А.(85). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Речиси целодневната драма, и по речиси 15 часа откако беше пријавена за исчезната, имаше среќена разрешница.
Имено околу 20:00 часот, пред да падне мракот бабичката беше пронајдена, во дехидрирана состојба, но жива, притоа свесна и контактибилна.
Истата ја пронајдоа членови на Доброволното противпожарно друштво Кочани кои во акцијата се вклучиле само еден час пред да се пронајде со тројца членови и едно возило.
Откако бабичката беше пронајдена, истата со возило на Итната медицинска помош Кочани беше транспортирана во болница.