Српската пејачка која ја згрози јавноста доаѓа во Охрид на настап со својот колега со кого се направи лом
Изминатиот период во очите на српските медиуми, но и регионалните беше ситуацијата на Ана Николиќ која не престанува да прави скандали.
Се помалку ја гледаме на сцена, а и кога ќе се појави на настап тоа делува загрижувачка со оглед што или ќе доцни или ќе излезе во недолично издание, под дејство на алкохол и други опијати.
Јавно се пожали дека веќе нема пари, а и за здравствените проблеми, па имаше бројни реакци. Како од нејзиниот менаџер така и од колегата Аца Лукас.
Сепак изненадувачки делува тоа што овие двајца пејачи, Ана и Аца сепак ќе настапат (поточно би требало) токму во Македонија, односно Охрид.
Популарната српска турбо фолк пејачка Ана Николиќ доаѓа во Македонија, и ќе има заеднички концерт со Аца Лукас на стадионот Билјанини извори во Охрид, на 28-ми јули.
Настанот во организација на Евент Груп веќе е најавен како најголем музички спектакл ова лето.
Веќе има во продажба билетите по цена од 600 и 800 денари. Цената на ВИП пакетите пак, се движи од 6.000 до 10.000 денари во зависност од изборот на пијалокот.