Стое од Куманово во солзи: Често трпиме за леб, што ќе ми е живот, ова ли е живот
Стое Пандиловски од Куманово додека бил млад и способен работел приватно и заработувал за живот, исто така работела и неговата сопруга.
За жал, само синот поради премалата тежина никогаш нема да успее да се вработи за да му помогне на семејството кое ќе живее во сиромаштија.
Или ако успее некаде да се вработи тоа било краткотрајно, на ден или два, бидејќи не може да одговори на бараната работа.
Ден по ден, ова семејство пропаѓа. Беспарицата си го прави своето, а, тие во 21 век живеат во абнормални услови, гладни и несоодветно избањати.
Стое и детството го поминува во сиромаштија и не може да се пофали дека имал некој убав живот и тогаш а тој за себе ќе рече:
„Подобро и да не сум се родел ако Господ за ваков живот ме подготвил, вели тој. Ова семејство до 2008 некако сврзува крај со крај.
Но откако го продава станот на мајка му и купува стара куќарка нивните животни нагло се менуваат, исполнети со солзи, терапија и негатива.
Единствена светла точка на ова семејство е раѓањето на нивниот син, кој за жал е дете со посебни потреби и не може да придонесе на неговите родители.
И да не биде само тоа, згора на се и сопругата Татјана има здраствени проблеми со кој се справува веќе подолг временски период.
Ова семејство веќе е на раб на пропаст, често е гладно, куќарката може да им падне над глава во секој момент, немаа ниту бања.
Топла вода греат на шпоретот на дрва, шпорет кој го користат само на почетокот на денот за да се зграт малку. Татјана е приморана да пере и со ладна вода.
– Живееме во многу тешки услови, не можат ни да се кажат услови. Дрва имам уште малку, ќе се грееме додека имаме а после не знам што ќе биде.
– Во овааа соба се бањаме, переме и слично, немам никакви услови за одржување на хигиената, перам на рака со ладна вода, вели Татјана пред камерите на „Срце на дланка”
– Детето не е способно за работа, многу е слаб, тој е со посебни потреби, зимаше нега од државата која му ја укинаа пред две години, велејќи дека бил способен за работа.
– Приходи имам само седум илјади денари, плаќаме долг за струја, нешто за храна но ништо не останува што да направиш попрво со тие пари, често трпиме за леб додава Стое.
– Многу ми е тешко што не можам да си дочекам внуче, сопругот и тој е болен, работи каде ќе го викнат и собира шишиња, вели со тешко срце Татјана.
– Што ќе ми е живот, ова ли е живот, немам ниту бања ниту услови за да се избањам, ниту да перам, не знам до кога вака, вели во солзи Татјана.
Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на здрави нозе, тоа може да го направите на телефонскиот број 075 608 586 или на трансакциската сметка 240147117463292 Стое Пандиловски