Тони Михајловски: Бидна и тоа
Тони Михајловски Шанац е човек со низа професии кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а еден период беше активен и во политиката.
Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
Пред некое време се пофали дека конечно добил лична карта со адреса на живеење во Скопје, така што веќе е жител на Скопје. Извесен период беше актуелен и како кандидат за градоначалник на Куманово, но безуспешно.
Популарниот Шанац знае да биде активен и на социјалните мрежи, каде што на својот фејсбук профил напиша:
Бидна и тоа. Денот на македонските просветители рамноапостоли го прославивме како едни од најнеписмените земји во светот.