Трајанка од Тетово: Тешко е човек да е безпомошен и гладен, го гледав сопругот како во моја куќа живее со друга жена
Трајанка Кадри е велешанка која многу млада се омажила во Скопје и на 21 година пред да ја роди единствената ќерка останала вдовица. Извесно време се вратила кај родителите во Долнограновци, но се запознава со сопругот албанец и следните 50 години во име на љубовта ќе се пресели и живее во тетово. Ќе згрешам ако речам дека првите години не бил добар со мене, но бидејќи не успеав да му родам дете ме замени со друга и во куќата што јас со свои десет прсти ја градев донесе друга жена која му роди деца.
Тешко и повредливо беше да го гледаш човекот што го сакаш веднаш спроти тебе во своја куќа со друга жена и пород- ќе рече оваа тажна жена. Последните три децении Трајанка ги минува мачно. Со минимални средства со кои нема услови ниту лекови да си купи. Згора на се останува и неподвижна. И, да не и помогнел докторот кој ја оперирал со наоѓање стан и храна досега таа можеби не би била жива. Само ќе рече –Тешко е да се чувствуваш предаден и да молиш на овие години да не останеш гладен на улица.
Потеклото на Трајанка е од велешко Долнограновци, каде со родителите живеела до својата 20 година. Потоа се мажи во Скопје и додека е бремена со единственото дете кое ќе го роди, нејзиниот сопруг починал. Се вратила во родното село, се пораѓа и сосема случајно се запознава со идниот животен сопатник со кој доживее и убави, но и срцепарателни моменти во животот. Тој ќе ја прифати нејзината ќерка како своја, ќе гради дом со Трајанка, но поради не можноста таа да му дари дете тој се жени со друга жена и ја носи во куќата која оваа жена вели со свои 10 прсти и своја пот ја градела
-Многу млада се омажив и останав бремена од сопругот кој почина ко гром од ведро небо, на пазар додека продаваше на тезга во Скопје. Свекрвата ми рече да се снајдам дека не може да ме чува мене и детето и јас бев принудена да се вратам кај моите. Го родив детето и сосема случајно се запознав со вториот сопруг кој беше многу добар човек. Ме прифати и мене и детето и не зема во Тетово во домот каде живееше со неговите браќа. Сами од нула направивме наша куќа низ годините додека се обидувавме да добиеме дете. За жал, никогаш не го усреќив со дете и тука започнаа проблемите. Тој по секоја цена сакаше наследник и во домот што заедно го градевме донесе друга жена која му роди деца-низ солзи започнува да раскажува Трајанка.
Последните 20 години Трајанка живее тешко. Во ист двор морала да ги гледа децата на нејзиниот сопруг, неговата нова жена која подоцна погинала, ја прежиевела и неговата смрт, па дури и распадот на нивната куќа која сега не е функционална за живеење. Сите овие години таа се движи со помагало, преживеала и неколку операции на колковите. Благодарение на докторот кој ја оперирал сега живее во стан под кирија која ја отплаќа со скромната пензија од 11000 денари. Храна и донираат хуманитарни организации, па затоа оваа жена ќе рече: „Тешко е на овие години да си беспомошен и гладен на улица и да се молиш побрзо да го напуштиш овој свет„.
-Тешки две децении поминав со острите погледи од неговата жена која подоцна загина во сообраќајка, но и од нивните деца. Јас останав и неподвижна, па тој само ќе ми пуштеше 200 денари кога жена му немаше да гледа колку да не умрам од глад. Некогаш и рака ќе ми подадеше за да се качам по скалите и да влезам дома. Подоцна и тој се разболе и почина. Денес, жива сум само јас и неговите деца.
Моето дете се омажи замина и немаме контакт. Но, куќата се распаѓа и нема услови во неа за живот. Јас бев на операција, па докторот ми помогна да надјам стан под кирија, и со минималниот месечен приход плаќам сметки и се хранам ако некој ми донесе храна. Многу ми е тешко. Зарем вака треба да се живее на овие години. Внук ми вика да имам услови една соба барем да ти најдам во Велес покрај нас да бидеш блиску. Ама, ете немам среќа сиот живот го поминав вака потфрлана и подгазувана-завршува Трајанка за Срце на Дланка.
Сите сме го почувствувале она чувство дека никому не сме му важни и дека никој не не сака. Тоа се случува кога се ќе ни се собере во животот. Кога премногу даваме, а премалку добиваме за возврат. Кога ќе те напушти личност во која многу си верувал и која многу ти значела. Но, да не очајуваме. Животот е тоа. Дел бродолом, дел среќа. Дел солзи, дел насмевки. Некој оди, друг доаѓа. И, тогаш, повторно ќе знаеме дека некому сме важни и дека кога повтоно ќе се засакаме, и другите ќе почнат да не сакаат.
Доколку сакате да и помогнете на Трајанка да живее подобро и полесно, тоа можете да го направите на незјиниот телефонски број 076201496 и на нејзината жиро сметка 210501623890726