Ферус Мустафов неутешлив по големата загуба: Беше моја денса рака
Без сомниение Ферус Мустафов важи за еден од најдобрите и најбарани македонски кларинетисти и саксофонисти. Мустафов е роден во Штип, Југославија, во ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров.
Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.
Што и да се напише за него би било премалку, прескромно и не би можело да го опфати целиот неговиот живот полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот.
Знае да свири на 13 инструменти, но неговата најголема љубов е саксофонот, па не за џабе го нарекуваат “кралот на саксофонот” и така го препознаваат сите.
Рано утрово тој на својот фејсбук профил сподели една фотографија од архивата, но не за убава работа.
Како што е познато врвниот инструменталист и композитор, Милан Завков се упо кои ненадејно на 61-годишна возраст.
Тој беше првенецот на Националниот ансамбл „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот, соопшти „Танец“.
Во сеќавање и последен поздрав, Ферус објави на својот фејсбук профил нивна заедничка фотографија од младоста и напиша:
Мојата десна рака, по чивај во мир Милан Завков.