(ФОТО) Жена довела починат маж во банка за да и потпише барање за кредит – му го туркала пенкалото в рака
Работниците и граѓаните присутни во банката останаа во шок кога на шалтерот за одобрување кредит дошла средовечна жена носејќи го својот вујко во инвалидска количка кој бил мртов веќе неколку часа. Во таа прилика таа „комуницирала“ со починатиот барајќи од него да го потпише договорот за заем.
Ерика де Соуза Виеира Нунес од Бразил вчера се појавила во банка во Рио де Жанеиро со починатиот чие име се наведува дека е Пауло Роберто Брага (68), каде роднината на починатиот со измама сакала да добие пари.
Вработените во банката почнале да ја снимаат бизарната ситуација и на крајот повикале брза помош и полиција додека таа со раката ја држела исправена главата на починатиот пензионер и му рекла:- Вујко, слушаш? Мора да потпишеш. Не можам да потпишам за тебе.
Во бизарното вирално видео, се гледа како жена му кажува на мртвиот човек да го држи цврсто неговото пенкало додека таа го става меѓу неговите прсти и го охрабрува да потпише парче хартија во филијала на банка во Бангу, област во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил.
На видеото се гледа како главата на починатиот се ниша напред-назад пред таа со левата рака да го фати за вратот одзади.Целата бизарна ситуација се случила вчера. Набрзо на лице место пристигнала итна екипа, која потврдила дека пензионерот Пауло Роберто Брага (68) починал неколку часа претходно.
Жената која го однела до банката била уапсена на местото на настанот и на полицијата и рекла дека е негова внука и старател. Се чини дека официјалните лица сигнализирале дека се поврзани и наводно ги проверуваат камерите за видео надзор внатре и надвор од банката за да видат дали таа била сама или со наводни соучесници под сомнение дека се вмешани во организирана измама.
Шефот на полицијара по апсењето потврди дека Брага веќе бил мртов кога го однеле во банка за да потпише заем во износ од 17.000 бразилски реали или 2.930 евра.