(ФОТО) Лила Филиповска изреволтирана: Па имате ли бре душа
Изминативе денови јавноста на Балканот е во шок и револт по немилиот настан кој се случи во Градачац во Босна и Херцеговина. Имено, сите се запознаени со грозоморниот чин кој заврши трагично за тројца луѓе меѓу кои и млада мајка чијшто живот го одзеде нејзиниот сопруг.
Голем дел од нашите јавни личности згрозени напишаа свое мислење во врска со настанот, па така и Лила Филиповска се огласи:
Не знам дали е пострашно што монструмот убиството на таа млада жена (мајка на нивно бебе) го пренесувал во живо на инста или коментарите од уште помонструозните негови таканаречени следачи под лајвот.
Па имате ли бре душа, па како мирно може да спиете безбожници едни!!! Ја убил дека го пријавила за „неколку“ шамари!!! Ех мои дами…кога ќе речам образувајте се, трудете се, работете, да не зависите од никого на ова мислам.
Па не дозволувам ни глас да ми повиши а не нешто друго! Ве удри ли еднаш бегајте одма! Нема да застане на еднаш. Е*ате мажите неспособни што се изживуваат врз незаштитени жени!
Посебен круг во пеколот за вас! Подобро сами него да живеете со олош!!!, напиша Лила на својот Инстаграм профил видно изреволтирана.