(ФОТО) МВР на потег – познато кој го симна знамето на МПЦ и го закачи албанското: Јавно се фали на фејсбук
Две лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентитан преку камери за видео надзор.
– Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија. информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сега полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Но од она што може да се види на социјалните мрежи лице со име и презиме Јетон Абдулахи јавно се фотографирал и си го открива идентитето.
На потег сега е полицијата.