(ФОТО) Пејачката Александра Јанева кажа да – се омажи со екс ракометарот на Вардар
Македонската пејачка Александра Јанева дефинитивно е еден од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена.
Таа на својот Инстаграм профил објави прекрасна вест. Имено, 28-годишната пејачка го прифати предлогот за брак на своето момче Иван Ангелов. Запросувањето се случи во „градот на светлината“ – Париз, едно од најпосакуваните места за доказ на романтичната љубов.
Нејзиниот вереник Ангелов е поранешен младински репрезентативец кој како лев бек го засили тимот на Драчево. Штипјанецот беше дел од Вардар Јуниор, пред да замине во грчкиот Аеропос Едеса, каде што одигра една сезона.
Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан.
Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути, кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе. Се појави на право место, во право време. Јас и ти во нашето време за љубење.