(ФОТО) Познатата македонска пејачка ги засука ракавите – правеше ајвар
October 17, 2023
Кога ќе се каже есен на македонски начин, тука пред се се мисли на подготовка на зимниците. А кога ќе се каже зимница, тука е кралот на зимниците, ајварот.
Од вредните раце на многу домаќинки веќе се испекоа илјадници килограми пиперки и се направија и наполнија многу тегли ајвар.
Една од оние кои реши да направи домашен ајвар е и познатата наша пејачка Тама Тодевска.
Таа со помош на нејзините родители, но и сопствени деца изминатиот викенд правеше ајвар, а тоа го објави на социјалните мрежи.