(ФОТО) Покрај медот, Атиџе ја бива и за уште една работа – нејзините изработки воодушевуваат многумина
Пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова никогаш не патувала со авион, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.
Едноставна, мила, скромна, Атиџе зрачи со добрина и позитивна енергија и многу животни мудрости. И понатаму знае да биде интерес во јавноста, пред се поради нејзината скромност и непосредност, но и поради тоа што има харизма со која шири позитива.
Три години потоа, преку неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, домашната и светска јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа извонредна жена.
Атиџе по сите оние светски филмски фестивали и холивудски гламур, нашата амбасадорка во светот, нашата меденка се врати дома, на својот секојдневен живот, на убавите мали, а за неа големи нешта.
Како што раскажа Атиџе во една прилика, екипата од „Медена земја“ пред повеќе од три години, ја пронашла во селото Бекирлија, во кое има само неколку жители. Атиџе тогаш живеела со нејзината мајка и уште едно семејство, кои биле нивни соседи.
Атиџе е добро позната по производството на нејзиниот мед, но и заедно со Сузана Турунџиева се прослави како пејачка.
Освен тоа, може да забележиме дека Атиџе има око и за уште една работа – везење и плетење, а тоа го покажува и во последната емисија на Везилка со Адријана Алачки.
Емисијата ја снимиле во Лозово поточно заедно со здружението на пензионери и ОЖ при општина Лозово.