ЦУК со итно предупредување: Доаѓа невреме со голем дожд, силен ветер и грмежи
Од Ценатарот со управување со кризи пред неколку моменти излегоа со важно соопштение до јавноста во кое се вели:
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ОД УХМР(локално невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град)
Од УХМР известуваат дека денес во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.
Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.
И во Скопската Котлина доцна попладне и за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.