Човекот кој ќе вложи 30 милиони евра во комплексот во Кавадарци е сопруг на позната наша пејачка
Од вчера топ тема во македонската јавност е најавениот ултра модерен комплекс во Кавадрци најавен како „Мала Америка“.
Со особена чест и огромно задоволство Ве известуваме дека започна со изградба проектот “Little America”. (Мала Америка).
Модерен повеќенаменски комплекс, на локација во новиот центар на град Кавадарци, на површина од 12.000 м2.
Во комплексот е предвидена изградба на 3 стабени згради со вкупно 243 апартмани, хотел и трговски центар со 73 продажни салони, од кои 40 во внатрешниот и 33 во надворешниот дел.
Енергетска ефикасност на највисоко ниво е голем приоритет за проектот Little America. Во целиот комплекс ќе биде вградено најсoфистициран систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%. Комплексот “Little America” e проект каков што му доликува на нашиот град Кавадарци.
Во јавноста се грена голема прашина кој е човекот кој ќе инвестира милионска сума, поточно 30 милиони евра.
„Зошто да не го откријам. Тоа е Трајче Ристевски, тој е мој другар одамна. Тој живее и работи во САД повеќе од 20 години и има многу успешен бизнис таму.
Работи во областа на транспортот и неговата компанија поседува повеќе од 400 камиони. Исто така, работи и во областа на трговијата со недвижен имот“, објаснува градоначалникот Митко Јанчев.
Инаку, Трајче Ристовски не е и е непознат на пошироката македонска јавност. Станува збор за сопруг на познатата фолк пејачка Јасмина Мукаетова.