Штипјанец нема по добро да го памети своето доаѓање летово од Германија во Македонија: Ноќва му изгоре автомобилот
„Фолксваген тигуан“ со германски национални ознаки ноќеска настрада во пожар во штипската населба Осми ноември. Од пожарот кој настанал на возилото зафатени се уште две возила.
Случајот го потврдија од СВР Штип, од каде посочија дека кај нив е пријавено во 4.10 часот изутрина. Како што стои во соопштението, пожарот е пријавен на булевар „ЈНА“ во Штип, а возилото со германски национални ознаки, на кое првично настанал е во сопственост на 35-годишен штипјанец со иницијали Д.В.
Од пожарот биле зафатени и патничките возила „опел инсигниа“, сопственост на 51-годишно лице со иницијали В.П., и „тојота јарис“, сопственост на 63-годишно лице со иницијали С.Ш., двете со штипски регистарски ознаки.
Дел од жителите од населбата не слушнале, ниту виделе, друг дел посочуваат дека утринава виделе пламен кој за среќа не се прошрил дополнително од брзата реакција на ТППЕ Штип.
Повредени лица нема, пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ Штип, а увид извршила увидна екипа на СВР Штип. Инаку пред помалку од еден месец во Штип беше запалено и возилото на началникот нс СВР Штип и сѐ уште е во тек истрагата за тоа кој го запали и кој е мотивот.