🎥 Вера од Штип: Имам матичен крадец, кога и да излезам од дома, ме ограбува – притоа и не се крие, јас го гледам тој ме гледа

Имам матичен крадец кој редовно стражари пред мојата врата. Седи на степениците пред станот и чека да излезам а притоа и не се крие. Јас го гледам тој ме гледа.

Јас ја заклучувам вратата а тој по мене ја отклучува и редовно краде, објаснува штипјанката Вера Хаџи Стојанова.

-Во последно време си имам матичен крадец, кога јас ќе излезам јас до аптека или на пазар и ќе се вратам дома не е исто како што оставам. Вратите се отклучени, веќе трети пат менувам брави, вели за ТВ Стар.

Досега, личниот крадец на Вера во нејзиниот стан бил повекепати.

Што најчесто крадел и дали за ова пријавила во полиција?

-Се што е ново во домот ми се краде, зимно време и дрвата од подрумот ми ги зимааат. Дури и апчињата ми ги крадат.

Крадецот Вера Хаџи Стојанова може да го идентификува во секое време исто како и многу други но за чудо, тој слободно се шета , влегува и излегува од туги куќи и станови и засега минува добро иако од полицијата велат.

-Запознати сме со случајот и интензивно работиме на индентификација и приведување на лицето, велат од СВР Штип…