Пензионер барал жена преку оглас, па бил насамарен: Останал и без пари и без жена, а се плаши и да крене телефон
Мажите кои поради осаменост прибегнуваат кон објавување огласи за да најдат жена, често стануваат жрт ви на измамн ици, почесто измамнички.
Неверојатен е бројот на жени кои се обидуваат да ги изма мат младоженците од огласите. Постарите младоженци се лесен плен за нив.
Еве што му се случило на еден маж кој ја раскажал својата приказна за Телеграф, чие име нема да биде објавено поради емоционалните и здравствени проблеми што ги имал по измамата.
Тој е вдо вец, во доцните седумдесетти години и со желба да не ја помине сам староста. Не е богат, живее со пензија од околу 20.000 динари.
„По мојот оглас, ме повика жена која ми кажа дека живее на околу 200 километри од местото каде што живеам и ме замоли да и платам 5.000 динари, за да има превоз до мојот град и да плати сместување.
Звучеше убаво, културно, мирно. И ги платив парите, договоривме место за средба во центарот на градот пред познат хотел. Ја чекав два часа.
Таа не дојде. Се срамам што ме изм ами вака стар, но тоа го криев од сите и молчев“, ја започнува својата исповед измамениот старец.
По пет дена го повикал човек кој се претставил како полицаец, со целото име и презиме кое било измислено, се разбира.
„Ми рече дека треба да уплатам уште 12.600 динари на сметката на жената што ми се јави претходно. Тој тврдеше дека жената наводно дошла во градот, се пријавила во хотел и таму останала четири дена, чекајќи јас да дојдам.
На тој човек му кажав дека јас ја чекав, а таа не дојде и дека нема да ги упплатам парите“, вели пензионерот.
Аго нијата на скромниот старец не завршува тука. Човекот што му се јавил му се зак анил дека тие 12.600 динари ќе му ги повлечат од пензијата бидејќи жената го пријавила случајот во полиција.
„Ми рече дека е подобро да си платам отколку да ми ја прекинат пензијата. Со денови сум во шо к, притисокот ми се искачи на 200 и се плашам кога ќе ми заѕвони телефонот“, вели оча јниот дедо кој само сакал да не остари сам.
Ниту најблиските не успеаја да го смират старецот и да му објаснат дека човекот што го повикал не е полицаец, дека полицијата немаше да постапи така дури и ако се беше вистина, а жената дури и не дојде, на кратко – дека се било изм ама.